Здрава храна
Брзото темпо на живот и нередовната исхрана нѐ принудија повеќе да внимаваме на нашето здравје. Тоа можеби не е толку лошо, бидејќи нашето здравје веројатно бара внимание. Детоксикација на телото се препорачува неколкупати во годината, особено по празниците, кога повеќето уживавме во нездрава храна и пијалак.
Кога консумирате нездрава храна подолго време, органите за прочистување, црниот дроб и бубрезите, не се во состојба да ги елиминираат сите токсини, па токсините се задржуваат во телото како масни наслаги.
Најдовме рецепт за еден таков „детокс-пијалак“. Тоа е зелен коктел. За овој пијалак ќе ви требаат: 250 грама спанаќ, еден лимон, еден портокал, малку ѓумбир, една замрзната банана, 200 милилитри бадемово или кокосово млеко и неколку коцки мраз.
Приготвување: Овошјето исчистете го, бананата и ѓумбирот исечкајте ги на коцки и сите состојки ставете ги во блендер. Прво ставете ги млекото и спанаќот, па другите состојки.
Вклучете го блендерот на најмала брзина за прво да се изматат млекото и спанаќот. Наскоро мразот и бананата ќе потонат на дното, а потоа ќе им се придружат и другите намирници. Потоа зголемете ја брзината на блендерот, почекајте уште малку, за да бидете сигурни дека спанаќот и ѓумбирот се целосно сомелени. Блендирајте додека добиете целосно хомогена смеса.
Едната чаша од зелениот пијалак испијте ја наутро, а другата оставете ја за попладне. Се препорачува да се пие неколку дена по ред за да има ефект.