Здрава храна
Со доаѓањето на потоплите денови започна сезоната на јагодите, вкусна и омилена намирница на многумина, која освен со вкусот нѐ освојува и со благодатите за нашето здравје.
Според „ВебМД“ има многу придобивки од редовното консумирање јагоди. Имено, витамините, минералите и антиоксидансите во јагодите можат да обезбедат важни здравствени придобивки. На пример, јагодите се богати со витамин Ц, влакна и полифеноли, антиоксидантни соединенија што можат да помогнат да се спречи развојот на одредени болести. Покрај тоа, јагодите може да обезбедат и други здравствени придобивки, како што се:
– зачувување на здравјето на срцето и циркулаторниот систем;
– зајакнување на имунитетот;
– намалување на ризикот од рак и деменција;
– намалување на нивото на холестерол во крвта;
– спречување воспаление во телото;
– зачувување на здравјето на цревата.