Здрава храна
Изненадувачки или не, јадењето одредени овошја пред спиење може да го подобри сонот. Имено, добро е познато дека мелатонинот се нарекува и хормон за спиење, бидејќи го регулира сонот, а ретките плодови се дури и природни извори на мелатонин. Од друга страна, серотонинот, познат и како хормон на среќата, е хемикалија во мозокот што го стимулира производството на мелатонин и помага во регулирањето на циклусот на спиење. А, триптофанот е претходник на серотонин и се наоѓа во одредени овошја. Издвојуваме видови на овошје што може да придонесат за подобар сон.
1. Киви: Има малку калории и е многу хранливо. Ова е една од намирниците што се претпочита да се јадат пред спиење, а науката потврдува дека кивито природно го поттикнува сонот. Една студија што вклучува возрасни со нарушувања на спиењето покажа дека консумирањето две кивија еден час пред спиење доведува до значително подобрување во квалитетот на сонот.
2. Банани: Една банана содржи околу 100 калории и добро количество влакна, што придонесува за чувството на ситост. Од витамините, бананите содржат најмногу витамин Б6 и Ц, а од минералите калиум, магнезиум и фосфор. Магнезиумот и калиумот ги релаксираат мускулите и му помагаат на телото да се подготви за спиење. Од друга страна, бананите се богати со витамин Б6, кој дејствува со претворање на аминокиселината триптофан во серотонин во телото, а серотонинот, како што споменавме, го стимулира производството на мелатонин. Експертите советуваат дека за квалитетен и длабок сон пожелно е половина час пред спиење да изедете една банана.
3. Цреши: Ретко овошје што природно содржи високо ниво на мелатонин. Сега сигурно не е сезона за цреши, но добрата вест е што дури и замрзнати овие плодови го поттикнуваат спиењето. Една студија јасно покажа дека пиењето чаша сок од цреша (дури и сок од замрзнати цреши) може да го подобри сонот кај луѓето што страдаат од несоница. Студијата покажа дека сокот од цреши го продолжува времето на спиење во просек за 84 минути кај возрасните што имале несоница. Научниците открија дека сокот од цреши содржи проантоцијанидин, соединение наречено процијанидин Б2, кое го зголемува нивото на триптофан. А, како што споменавме, триптофанот е важен за добар сон бидејќи во телото се претвора во серотонин, што дополнително го поттикнува лачењето мелатонин.
4. Ананас: Може да ви помогне да спиете подобро, бидејќи ова тропско овошје содржи и триптофан. Истражувањата покажаа дека јадењето ананас или пиењето свеж сок од ананас пред спиење ги зголемува маркерите на мелатонинот дури за 266 проценти. Само 100 грама ананас содржи дури 79 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Ц. Во исто време, ананасот е и добар извор на магнезиум, кој може да придонесе за подобар сон.
5. Бобинки (боровинки, малини и капини): Содржат многу високи нивоа антиоксиданти. Според експертите од американската национална фондација за спиење, антиоксидантите можат да заштитат од стрес од нарушувања на спиењето, кој можат да предизвика оксидација во телото.