Здрава храна
Покрај високата содржина на протеини, наутот содржи и многу влакна што го забавуваат варењето и на тој начин создаваат чувство на долгорочна ситост, а со тоа помагаат за слабеење и отстранување на салото на стомакот. Денес во речиси сите продавници е можно да се најдат наут и производи од леблебија, а нутриционистите велат дека овие ситни и магични мешунки се разновидни, достапни и одлични за нашето здравје.
– Наутот е одличен извор на растителни протеини, влакна и разни витамини и минерали. Иако може да се додаде во супи и салати, најефикасен е кога се јаде суров – советува нутриционистката Маша Дејвис.
Тој е одличен извор на протеини: Со оглед на тоа што наутот ги содржи речиси сите есенцијални аминокиселини, тој се смета за подобар извор на протеини од некои други мешунки како грав, кикиритки или бадеми.
Богат е со растителни влакна: Покрај високата содржина на протеини, наутот содржи и големо количество влакна, а токму протеините и влакната работат заедно за да го регулираат варењето и да му обезбедат на телото чувство на долгорочна ситост.
Содржи големи количества железо: Дали знаевте дека една шолја наут има околу 4,7 милиграми железо? Нутриционистите велат дека редовното консумирање наут може да го замени внесувањето месо и риба, вклучувајќи го и црвеното месо. Како одличен извор на железо, наутот го подобрува метаболизмот и ги намалува масните наслаги, особено салото на стомакот.
Има низок гликемиски индекс: Оваа мешунка е една од намирниците со најнизок гликемиски индекс, па затоа нејзината консумација е одлична за одржување нормално ниво на шеќер во крвта.