Зимската сезона е време на вируси, грип и настинки, па затоа е многу важно да се работи на превенција и зајакнување на имунитетот. Еден од начините да го постигнете тоа е редовно да пиете овошни и билни чаеви, кои се полни со витамини, особено ако ги пиете со мед и лимон.
Но овој пат имаме одличен трик за вас, кој пиењето чај ќе го подигне на повисоко ниво, а уште повеќе ќе го заштити вашето тело за време на ниските зимски температури. Станува збор за коцки мраз со ѓумбир и лимон!
Ако ги измешате овие состојки, ќе го снабдите организмот со витамини и хранливи материи, кои му се потребни за нормално функционирање. Ако имунолошкиот систем може да функционира правилно, ќе може подобро да се одбрани од вируси и бактерии.
Ѓумбирот е екстремно антивоспалителен корен, па добро ќе ви дојде во зима. Чајот од ѓумбир може да излекува болно грло, да ја стимулира циркулацијата на крвта и благотворно да влијае на варењето. Покрај тоа, го подобрува либидото. Значи, тоа е состојка што мора да ја имате во домот во текот на зимата. Од друга страна, лимонот содржи многу витамин Ц и благотворно влијае на кожата и варењето.
Потребни ви се само три состојки: рендан ѓумбир, сок од четири лимони и вода.
Излупете и изрендајте околу четвртина шолја ѓумбир. Исцедете четири лимони, а потоа измешајте ги двете состојки заедно. Распоредете ја смесата рамномерно во калапите за мраз и прелијте со вода да се пополни просторот, па ставете ги во замрзнувач.
Подгответе обичен чај (овошен или билен) и додадете една коцка мраз во него. Оставете ја да се раствори, а потоа вкусете го чајот. Ако сакате посладок вкус, додадете една лажичка мед, а ако вкусот не е доволно силен, додадете уште една коцка мраз, иако веројатно ќе ви биде доволна една во чаша. Консумирајте го овој напиток редовно за да одржите добар имунитет во текот на зимата и да спречите појава на вируси.