„Галакси ноут“ на „Самсунг“ ќе добие „замена“
Според јужнокорејски извори, „Самсунг“ дефинитивно ја повлече својата серија на мобилни телефони „галакси ноут“. Претходно се шпекулираше дека „Самсунг“ ќе го претстави новиот „галакси ноут“ во 2022 година, но се чини дека нема да се случи тоа. Јужнокорејскиот гигант наводно ќе ги интегрира функциите на серијата „галакси ноут“ во претстојните модели на „галакси ноут ес“ или серијата „галакси зет“. „Галакси ес21 ултра“ и „галакси зет фолд 3“ веќе го поддржуваат „ес пен“. Првиот „галакси ноут“ се појави во 2011 година, со екран од 5,3 инчи, а последниот „галакси ноут 20“ беше произведен во 3,2 милиони примероци. Изворите тврдат дека „Самсунг“ нема да ја продолжи серијата „галакси ноут“, што е спротивно на претходните најави за пристигнувањето на водечката серија во 2022 година. Сега се шпекулира дека „ес пен“ ќе го добие својот слот во „галакси ес22 ултра“, додека сегашниот модел го поддржува пенкалото, но нема слот. Една од причините за откажување од „ноут“ може да биде желбата на „Самсунг“ да го зголеми производството на уредите на преклопување. Во текот на 2019 година, „Самсунг“ продаде 12,7 милиони примероци од „ноут“, 9,7 милиони во 2020 година и 3,2 милиони примероци оваа година. Целта на компанијата за 2022 година е да продаде речиси 13 милиони единици од серијата мобилни телефони на преклопување „галакси зет“.