Техно

„Виво“ го претстави преклопниот паметен телефон „икс фолд“ во април, а сега се подготвува за лансирање на моделот „икс фолд С“. „Икс фолд“ поседува „снапдрагон“ 8 ген 1 процесор ЛТРО, екран со варијабилна фреквенција на освежување 1 – 120 ХЗ, има 12 ГБ РАМ и 512 ГБ интерна меморија, како и камери што ги потпишува „Цајс“. Единствен проблем е што е наменет само за кинескиот пазар. Сепак има и најави дека верзијата за меѓународниот пазар ќе пристигне во септември. Станува збор за моделот „виво икс фолд С“, кој е веќе многу популарен и ќе се продава низ целиот свет.
За спецификите засега се шпекулира, а можно е дека ќе ги преземе од кинескиот роднина или ќе бидат уште подобри, веројатно благодарение на процесорот „снапдрагон“ 8+ ген 1. Се очекува исто така шот-стакло преку осуминчниот екран со резолуција 2.160 х 1.916 пиксели и максимална светлина од 1.000 нити. Екранот на моделот „виво икс фолд“ имаше доста низок индекс на рефлексија, петпати помал во однос на повеќето екрани на паметните телефони.
Цајсовиот систем на камери се состои од главниот ИСОЦЕЛЛ ГН5 на „Самсунг“, со сензор од 50 МП, со оптичка стабилизација на сликата, ултраширока камера од 48 МП, како и телефото-камера со 3 х оптичко зумирање за портретите и леќи со 5 х зумирање на оддалечените објекти. „Виво икс фолд“ стигна на пазарот на 22 август по цена од 1.400 долари, но цената на глобалниот модел би можела да биде од 20 до 30 пати поголема.