Фото: Пиксабеј

Техно

За годинешната Ноќ на вештерките, компанијата „Кавијар“ подготви колекција НЛО од луксузни дизајни за ајфон 15 про и ајфон 15 промакс. Станува збор за уреди што содржат материјали од вселената, поточно украсени се со фрагменти од метеоритот Маркисон, кои содржат аминокиселини.
За колекцијата НЛО, „Кавијар“ користел фрагменти од метеорит во кои научниците откриле 15 аминокиселини, а се верува дека метеоритот е стар седум милијарди години, што е 4,54 милијарди години постар од Земјата и Сончевиот Систем. Тоа значи дека моментално е најстариот материјал на Земјата.
Материјалот е дел од дизајнот на куќиштето Алиен, додека на задната страна е прикажан портрет на предатор. Достапни се уште две опции, наречени Астрал и Старшип. Астрал го прикажува универзумот, додека Старшип е инспириран од вселенски брод. За овие дизајни, „Кавијар“ користел метеорити од Месечината и од Марс, 24-каратно злато, титаниум и не’рѓосувачки челик.