Вие ни јавувате
„Рацин е кратенка за името на сите нас“ е мисла на великанот Блаже Конески, за исто така големиот поет Кочо Рацин, чие име со гордост го носи нашето училиште.
И оваа година, преку електронски пат, ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид ги прослави своето раѓање, мисија и визија.
Химната за Рацин ја изведоа училишниот хор и оркестарот под диригентската палка на наставникот по музичко образование Игор Стефановски. Следуваа рецитал од деветтите одделенија од централното училиште, под менторство на нивната наставничка по македонски јазик Фила Вероска-Стојковска, со наслов „Крајезерски поетски бранувања“, и рецитал на учениците од 9-3 одделение подготвен од наставничката по македонски јазик Благица Мутлакоска, со наслов „За тебе Рацине!“
На 22 декември 1908 година, во Велес, е роден Коста Апостолов Солев Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература. Неговата стихозбирка „Бели мугри“ издадена во Загреб во 1939 г. претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Освен поезија, Рацин пишувал и проза, а напишал и повеќе значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и литературната критика.
Многу важен сегмент од одбележувањето на нашиот патронен празник се литературниот и ликовниот конкурс, на кои учениците се изразуваат на темата „Рацин во детските сништа“.
Комисијата за ликовни творби за наградени ги одбра следниве ученици: од одделенската настава прва награда освоија Марија Тасеска, 4-1 одделение, и Константин Златаноски, 5-1 одделение, втората награда им припадна на Лука Ристески, 3-1, и Симеон Спироски, 1-2 одделение. Третата награда е за Кристијан Димитриески, 4-2 одделение, и Анастасија Силјаноска, 1-2 одделение.
Од предметната настава, прва награда освои Попов Бојан од 6-1 одделение, втората е за Алачкоска Стефанија од 9-2 одделение и трета награда освои Новеска Надица од 9-1 одделение.
Комисијата за литературни творби за наградени ги одбра следниве ученици, од одделенската настава првонаграден е Стефан Костоски, 4-3 одделение, второто место е за Мартин Сандрески, 5-3, и третото за Константин Ристески, 4-3 одделение.
Од предметната настава на литературниот конкурс, најдобра беше Симона Димитриеска од 8-2 одделение, втората награда е за Јана Ристеска, 9-3, и третата награда е за Софија Милошеска, 8-2 одделение.
Седмоодделенката Надица Тасеска, под менторство на наставничката по англиски јазик, Лидија Јевтовиќ, имаше видеопрезентација за Марија Монтесори.
Уживавме во виртуелната галерија на ликовни творби на нашите ученици предводени од наставникот по ликовна уметност Богоја Мојсоски
Во склоп на одбележувањето на патрониот празник, секако, е и уредувањето на електронскиот весник „Мугри“, кој во себе носи содржини што го обележале периодот меѓу два патроната, за што беа задолжени наставничката по македонски јазик и библиотекарка Наташа Неданоска и наставникот по информатика и програмирање Благоја Ристески.
Фудбалски натпревар беше организиран од наставниците по физичко образование Зоран Русески и Наумче Јанкуловски.