Високи потпетици без плускавци
Историски гледано, мажите први почнале да носат високи потпетици, но денес жените предничат во тоа. Меѓутоа, иако на нозете изгледаат многу убаво, повеќето од овие чевли се многу неудобни.
Сепак, неколку совети може да ви помогнат да заборавите на болките во стапалата.
Залепете ги средниот и четвртиот прст: меѓу овие два прста има нерв што се иритира кога се носат високи потпетици. За да си олесните, залепете ги овие два прста со лента или ставете парче памук меѓу прстите. Тоа ќе го ублажи притисокот и ќе го направи чекорењето поудобно.
Ставете балсам за усни на местата склони на плускавци, тоа ќе ги направи помеки и полизгави. Користете проѕирен балсам за стапала, за да ги избегнете дамките на чевлите.
Користете сув шампон: некои марки имаат пудра за стапала што ја впива потта и спречува лизгање на стапалата. Но за истата цел може да се користи сув шампон.
Набавете ортопедски влошки: има два вида фабрички и изработени по мера. Тие ќе ви ги израмнат стапалата во чевлите, ќе ви дадат поддршка и ќе го олеснат одењето. Купете неколку парчиња за да имате совршено удобни чевли.