Модните трикови на британското кралско семејство
Членовите на кралските семејства секогаш се на нишан на јавноста, па затоа за нивниот изглед се грижи цел тим, и тоа до најмали детали. Најголемо внимание привлекува британското кралско семејство, но постојат едноставни совети и трикови што помагаат женскиот дел од кралското семејство речиси секогаш да изгледа беспрекорно.
Едно од правилата е жените секогаш да носат чорапи во боја на кожата во текот на јавните појавувања, а за да се избегне ногата да се лизне во чевлите на штикла, чорапите имаат силиконски перничиња на делот за стапалата.
Според наводите на британските медиуми, Кејт Мидлтон носи чорапи од марката „џон левис“, кои чинат само 7 долари.
Исто така, кога жените членови на кралското семејство ја носат косата собрана, користат мрежичка, што им овозможува фризурата да им биде беспрекорна и да им се спротивставува на ветерот и на влагата. Уште еден од модните трикови неизбежен во кралските кругови е ставање „тегови“ на рабовите на здолништата, за да се спречи ветерот да го подигне нагоре.
Стефан Парвин, еден од дизајнерите на кралицата Елизабета Втора, истакна дека во рабовите на здолништата се ставаат мали оловни тегови, кои всушност се користат за завеси, со што здолништето не се поместува.