Ајде да видиме….
Кога нешто се случило пред повеќе од 500 години, не е лесно да се каже каде завршуваат фактите и каде започнува легендата, но летонските експерти тврдат дека првата елка била украсена во Рига. Традицијата наводно се родила на најголемиот пазар во Европа, на површина колку девет фудбалски игралишта, каде што има повеќе од три илјади штанда што ги посетуваат и до сто илјади луѓе за време на викендот. Ова место е вклучено и во списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Обичајот за украсување на дрвото наводно започнал во 1510 година, кога локалните трговци го украсиле со вештачки рози, танцувале и се радувале околу него, а потоа го запалиле. Дури и денес, во Рига постои натпис во камен, напишан на осум јазици, кој вели дека тоа е местото каде што е поставена првата јавна новогодишна елка.
Дваесет години подоцна, Французите купувале елки на пазарот, ги носеле дома, но не ги украсувале. Елките што се продавале не смееле да бидат повисоки од еден метар и дваесет сантиметри. На почетокот на 17 век, во Германија било вообичаено да се украсуваат елките со јаболка, а со текот на времето, остатокот од Европа го прифатил овој празничен обичај.