Фото: Пиксабеј

Медицински совет

Високата температура и високата влажност влијаат на зголемениот проток на крв во кожата, што го принудува срцето да работи посилно и побрзо. Влажноста на воздухот над 70 проценти и температурата на воздухот над 30 степени, како и присуството на смог, особено во урбаните средини, го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни компликации кај пациенти со висок крвен притисок.
Зголемената влажност на воздухот влијае на способноста на телото да се поти и на тој начин да се разлади.
Во текот на топлите денови циркулацијата на крвта може да биде двојно побрза отколку во постудените денови. Поради губењето течности во телото може да се намали и количеството на крв, постои нерамнотежа во односот помеѓу волуменот на телесни течности и концентрацијата на електролити во нив, а може да дојде и до акумулација на кисели продукти од метаболизмот во мускулите.
Веднаш контактирајте со вашиот лекар ако забележите: главоболка – најчесто се јавува кај луѓе од дваесет до четириесет години; замор – може да се одрази како неподготвеност, недостиг од енергија, исцрпеност; мускулни спазми – болни контракции што го стегаат мускулот; прекумерно потење.