Медициски совет

Фармацевтот Џорџ Санду предупреди на еден вообичаен знак на дијабетес, кој лесно може да се помеша со ефектите од високите летни температури. Како што вели, екстремната жед е симптом што треба да се истражи.
– Ако станете многу пожедни од она што е нормално за вас, тоа може да биде знак за топлотен удар и/или дехидрација, но и дијабетес – изјави тој за „Експрес“.
Другите симптоми на дијабетес вклучуваат замор, прекумерна потреба за мокрење, ненадејно и необјаснето губење на тежината, заматен вид, чести инфекции и бавно зараснување на раните.
– Многу случаи на дијабетес тип 2 може да се избегнат со здрав начин на живот, за разлика од дијабетес тип 1. Слабеењето и редовното вежбање навистина може да ги намалат шансите за развој на оваа состојба – објасни Санду.