Автор: д-р Гојарт Сулејмани
Сезонскиот грип или инфлуенца е една од најчестите акутни вирусни инфекции на респираторниот систем кој може да ги опфати носот, грлото и белите дробови. Инфлуенца-вирусите се различни од стомачните вируси кои се манифестираат со повраќање и дијареја. Иако повеќето здрави лица тоа го поминуваат само со симптоматска антипиретска терапија, витамини и пиење течности (чаеви), кај лица со хронични болести може да предизвикува сериозни компликации, па дури и потреба за хоспитализација, како и фатален исход. Најранлви се пациентите со хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), кардиоваскуларни заболувања и други хронични болести. Причина за тоа е што инфекција со грип може да доведе до акутно влошување на примарната болест (егзацербации кај ХОББ, акутни срцеви настани и др).
Грипот предизвикан од вируси на инфлуенца, претежно тип А и Б (постојат и тип Ц и Д како и субтипови), се пренесува преку капки при кашлање, кивање или контакт со контаминирана површина. Инкубацијата трае околу 1-4 дена, а симптомите се најјаки во првите денови (3-5 ден) по инфекција. А(Х1Н1) свински грип и птичји грип се поддтипови на инфлуенца А. Според Светската здравствена организација (СЗО) сезонскиот грип секоја година предизвикува 3-5 милиони тешки случаи и околу 500 илјади фатални исходи во светот. Ризични групи се лица над 65 години, пациенти со различни болести како што се ХОББ, срцеви заболувања, дијабетес, бубрежни, хепатални заболувања и друго.
Симптоми
Симптомите на грип обично се појавуваат околу 2-3 дена по инфекција.
Симптомите вклучуваат ненадејна појава на треска, сува кашлица, болки во грлото, главоболка, болки во мускулите и зглобовите, малаксаност, течење на носот.
Кашлицата може да биде силна сува или продуктивна и може да трае подолго.
Влијание на грипот врз пациенти со ХОББ
Хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) е сериозна белодробна состојба, прогресивна, го отежнува дишењето, кај некој пациенти само при напор, а кај некои и при мирување во зависност од тоа колку е напредната и колку се оштетени белите дробови. Кога луѓето со ХОББ ќе се инфицираат со грип, тоа сериозно ја влошува нивната општата состојба па може да настане нагло влошување на хроничните симптоми – диспнеа, кашлица, продукција на густ секрет, што доведува до потреба за хоспитализација, а може и до фатален исход. Ова се случува затоа што ХОББ веќе ја ослабнала белодробната вентилација односно има оштетување на епителот на дишните патишта на белите дробови и имунолошкиот систем, што го отежнува справувањето со инфекција со грип (компромитиран имунолошки одговор ја нарушува локалната одбрана на респираторниот систем преку оштетување на мукоцилијарниот клиренс, намалување на активноста на макрофаги и ИГА антитела во алвеолите ,со што се олеснува навлегување и развој на бактериска инфекција), хронично воспаление па поради инфекцијата се ослободуваат цитокини и медиатори на воспаление, што резултира со зголемена бронхијална хиперрактивност, едем на слузницата, зголемување на продукција на секрет и дополнително стеснување на дишните патишта, компликации кај веќе постоечко срцево заболување и др.
По инфекција со грип кај овие пациенти се појавува екзацербација на основната болест, поради зголемено воспаление на дишните патишта, дополнително оштетување на белите дробови и дишните патишта, комликации кај други органи, како и развивање на пневмонија. Вакцинацијата против грип и пневмококна вакцинација е најдобар начин за заштита од грип и пневмонија, но сепак голем број пациенти со ХООБ и срцева слабост не се вакцинираат.
Комбинирана заштита со вакцина против грип и пневмококна вакцина обезбедува двојна бариера против најчестите предизвикувачи на егзацербации и пневмонии. Според Европското респираторно здружение (ЕРС) ова комбинација може да намали: за 40-60% ризик од егзацербации, до 50% хоспитализација поради пневмонија и да ја намали смртноста за 30% кај пациенти со ХООБ и срцеви болести над 65 години.
Други превентивни мерки, како што се добра хигиена и откажување од пушење, избегнување престој во затворени простории со многу луѓе и друго играат клучна улога за превенција од инфекции. Овие мерки ја истакнуваат важноста на прилагодување на грижа за пациенти со ХОББ за време на сезоната на грип, вклучувајќи вакцинација, рано лекување и управување со други здравствени состојби за да се помогне во намалување на тешкиот товар на грипот врз пациентите со ХООБ и подобрување на нивниот квалитет на живот.
Друг терапевтски пристап и грижа за пациентот вклучува користење на симптоматска терапија како антипиретици, хидратација, витамини, одмор, Може да се користат и антивирусни во првите 48 часа. Бронходилататори и кортикостероидна терпија кај егзацербации и вмнимателно следење на сатурција на кислород и на срцевиот ритам.
Влијание на грипот врз кардиоваскуларните заболувања
Како грипот влијае на срцето? Вирусот ретко го инфицира срцето директно. Наместо тоа, негативните ефекти на вирусот врз срцето се должат на атеросклероза на артериите на срцето и често кај претходно срцева слабост, исехмична срцеви болест, аритмија. Бидеќи атеросклерозата ги стеснува артериите и го намалува протокот на крв, помалку кислород стигнува до срцевиот мускул. Ова може да доведе до руптура на атеросклерозната плака – срцев удар или срцев застој.
Вирусот на инфлуенца не влијае само на белите дробови и дишните патишта туку тоа е системска воспалителна рекација која се развива по инфекција.
Во текот на грип се зголемува нивото на воспалителни медиатори (ИЛ6,ТНФ- α,ЦРП) што доведува до нестабилност на атеросклеротичните плаки и можност за нивна руптура,зголемена тромбогенеза и склоност кон згрутчување на крвта, зголемена срцева работа поради треска, фебрилност, зголемена потреба на срцето за кислород и појава на тахикардии од различен тип -влошување на веќе постоечка срцева слабост.
Истражувањата потврдуваат дека ризикот од акутен миокарден инфаркт е шест пати поголем по првата недела од грип, посебно кај пациенти со веќе постоечка исхемична болест на срцето и други болести (ХОББ, дијабетес и др).




































