Медицински совет
Пијте повеќе вода и ќе живеете подолго е заклучокот од студијата објавена во медицинското списание „Лансет“. Откриено е дека возрасните што не се доволно хидрирани стареат многу побрзо и имаат поголем ризик од хронични болести што можат да доведат до рана смрт.
Истражувачите од американскиот национален институт за здравје ја спровеле студијата во период од 25 години, анализирајќи ги медицинските посети на повеќе од 11.000 возрасни американски лица на возраст меѓу 45 и 66 години, а потоа и нивните последователни посети на возраст од 70 до 90 години.
– Доказите од нашите и од други студии покажуваат дека додавањето постојана добра хидратација преку други избори за здрав начин на живот може да го забави процесот на стареење – изјави водечката авторка на студијата Наталија Дмитриева за „Ен-би-си њус“.
За време на студијата, истражувачите ја следеа хидратацијата на испитаниците со следење колку натриум е пронајден во нивната крв, колку се повисоки нивоата на натриум, толку помалку беа хидрирани учесниците.
Оние лица со повисоко ниво на натриум имале 50 отсто поголеми шанси да покажат знаци на стареење. Тоа вклучува висок холестерол, крвен притисок и зголемено ниво на шеќер заедно со физички знаци, како што се подуени очи и сува кожа. Најшокантно е тоа што таа група исто така имала речиси 20 отсто зголемен ризик од прерана смрт, покажа студијата. Тие покажаа поголема веројатност за развој на фатални болести, како што се срцева слабост, мозочен удар, дијабетес, деменција и хронични заболувања на белите дробови.