Автор: Д-р Зорица Дафков, спец. по семејна медицина
Дијабеот е хроничка хипергликемија или покачена вредност на гликемија во крвта.
Тимската работа на семејните лекари, специјалисти интернисти, ендокринолози и дијабетолози кои работат во центрите за дијабет, но и самоконтролата на пациентите е клучна алка во контрола и надзор на болеста кај пациентите со дијабет.
Доколку оваа континуирана контрола кај пацинетите не се спроведува, настанува покачување на гликемијата во крвта и појава на дијабетични компликации, од кои едната е дијабетска полиневропатија.
Ова е воедно и една од најчестите компликации кај дијабетот, кој подеднакво ги погодува дваа пола, почесто кај постари пациенти. Се смета дека пола од пациентите со дијабет имаат некаква невропатија, а петтина од нив се жалат на некои симптоми.
Зголементата концентрација на шеќер во крвта ги оштетува малите крвни садови на нервите, нарушување на протокот на протеини и други хранливи материи до крајните делови на нервот.
На почетокот на болеста обично и нема симптоми, а тие се јавуваат покасно, некогаш и нагло, ненадејно. Пациентите се оплакуваат на следните симптоми: ладни и болни стопала и дланки, трнење, пецкање, печење и намален осет на истите, почесто навечер, грчеви во листовите и стопалата или нозете. Полиневропатијата може да доведе до потешкотии во одењето, па и до неможност за движење – парализа.
Кога лекарот ги препознава овие анамнестички податоци, прво треба да се провери гликемија во крвта, која е значајно да е под контрола, т.е. нејзино регулирање.
Давањето на совети за намалување на телесната тежина и намалување на масти во крвта, совет за престанок на пушење и употреба на алкохол се истотака клучни.
Фармаколошката терапија вклучува давање на лекови, трициклични антидепресиви, инхибитори на превземање на серотонин и норадреналин, локални анестетици и суплементација со витамини од групата Б (Б1, Б6, Б12), бидејќи нивниот недостаток доведува до невропатија. Од нефармаколошка терапија се препорачува физикална терапија – кинезитерапија, масажа, површна електротерапија, магнетна терапија, акупунктура и рехабилитација.
Лечењето на дијабетската полиневропатија вклучува мултидисциплинарен пристап на истата и тимска работа на семеен лекар, ендокринолог, физијатар и психолог.