Автор: Д-р Николина Златева
Алергискиот ринитис претставува хронично воспаление на носната лигавица која се матифестира со бистра назална секрција, назална конгестија (затнат нос) , кивање, чешање на нос.
Алергиските болести се во постојан пораст особено во развиените земји. Се смета дека секој втор жител на Европа има алергиска манифестација, најчесто (20-40 %) тоа е алергиски ринитис.Загадувњето на воздухот доведува до манифестирање на алергијската конституција на пациентите која е наследна.
-Астма постои кај 25 -35% од пациентите со алергиски ринитис
– Алергичен ринитис постои кај 80 % од пациентите со астма
Патофизиологија: Проинфламаторните супстанции произведени од воспалителните клетки се создаваат после изложеност на антигенот, меѓу кои најистакнати се еозинофилните производи и цитокини. Цитокините се смета дека се генерирани делумно од лимфоцитие кои се наоѓаат во нормалана или стимулирана слузница. Мастоцитите имаат важна улога во дпонирањето и ослободувањето на цитокините. При развивање на алергијска реакција ТХ2 лимфоцитите со помош на своите интерлеукини ги поттикнуваат Б лимфоцитите на синтеза на ИгЕ кои се врзуваат за мастоцитите и ги активираат.
Класификација на алергиски ринит
-сезонски (полен, бреза, растенија, дрва)
– целогодишни (домашна прашина, животински влака, лебарки, мувла)
Клиничка слика: Иложеноста на алергени предизвикува појава на чешање на носот, а наскоро после тоа следува и кивање. Почнува ринореа и во рок од 15 минути се постигнува назалана конгестија-затнат нос. Покрај носните симптоми пациентите се жалат и на окуларен пруритус, фарингеално чешање, солзење,кашлица и пуцкетање во увото. Други чести симптоми се постназална секреција, зголемена лакримација, сува кашлица, црвени очи, главоболка во проекција на ПНС, губење на мирисот.
Дијагозата се поставува врз основа на детална анамнеза, предна риноскопија-ливидна слузница и бистар стаклест секрет, фиберендоскопија, кожни тетови, испитуванје на ИгЕ во крвта, назален цитолошки преглед.
Терапија
Избегнување на алергените на кои пациентот е чуствителен ги елиминира симптомите на болеста,кај сезонските алергии со ограничувње на физичката активност во раните утрински часеви и навечер кога поленот го достигнува врвот, отстранување на теписи, завеси и користење на хипоалергени материјали во домот.
Антихистаминска терапија како пер ос терапија е прв лек на избор, кај пациенти со поизразени симптоми се вклучува и топичен кортикостероиден спреј за нос. Новата генерација на антихистаминска терапија скоро да нема несакени дејства и не предизвикува сомнолентност.
-Топичните деконгестиви се користат ограничено, бидејќи може да доведат до медикаментозен ринит.
-Терапија со леукотриени
-Имунотерапија.