„Чудесната зима“ од Џоан Маргарит е објавена како дел од новиот проект на издавачката куќа „Артконект“ со наслов „Пораки на надеж: инспиративна европска литература“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Препевот од каталонски јазик на книгата е на Нашата Сарџоска.
– Инспирацијата е токму тој редок и тежок чин што се состои од локализирање место каде што ќе биде доволно веројатно дека може заедно и неразделно да постојат и вистината и убавината – пишува Џоан Маргарит.
Џоан Маргарит е еден од најголемите современи шпански и европски поети на дваесеттиот век. Во неговата последна поетска збирка „Чудесна зима“ авторот прави заокружување на своето творештво, навраќајќи се на теми и мотиви што се доминантни во неговата поезија уште од неговите први песни објавени пред четириесетина години. За својата поезија Маргарит е одликуван со низа меѓународни книжевни признанија, меѓу кои како најзначајни се издвојуваат наградите „Неруда“ во 2017 и „Сервантес“ во 2019 година.