Фото: Пиксабеј

Изложбата со наслов „Вери демјур ивнинг афеар“, која поврзува група минималисти и фигуративци од различни делови на Европа, ќе биде отворена на 27 септември (петок), во 20 часот, во галеријата „Пионери“. Секој од авторите што се претставуваат има посебен талент за создавање уметност, која преку суптилни линии и форми поттикнува пријатна енергија и остава шармантен впечаток кај гледачот.
– Погледнете ги делата на Витја Богданова од Хелсинки, која ќе ги претстави своите интимни мапи cо рапидограф и водени бои. Од Милано, Мартина Чиноти ќе претстави слики во масло со сувa четка, Ана Спасова од Скопје со линорез, сув печат, огледало инсталација и Билјана Јовановска со цртеж со јаглен насловен „Клити“. Бисера Крцковска од Белград ќе изложи колекција колажи во мал формат. На изложбата од Болоња се надоврзуваат Аница Китаноска со современ мозаик, Илијана Алексоска од Скопје со трансцендентни диптиси во акварел и Благица Трајкоска со голем формат масло на платно – порачуваат од „Пионери“.