„Еден ден во декември“ од Џози Силвер на македонски

Во издание на „Бата прес“, на македонски јазик е објавен романтичниот љубовен роман „Еден ден во декември“ од познатата британска писателка Џози Силвер. Станува збор за бестселер, кој уште во првата година по издавањето беше на врвот на листите во водечките светски весници и списанија.
– Џози Силвер напиша топла и моќна сторија за љубовта, губењето и пријателството, со чии ликови се идентификуваме. Ова е книга на која постојано ќе се навраќате – пишува познатиот книжевен критичар и есеист Џил Сантиполо.
Книгата ќе ја има првата јавна промоција на осмомартовскиот Саем на книгата во трговскиот центар „Сити мол“, а нејзиното прво издание беше речиси распродадено во претплата.
Џози Силвер е писателка на романтични љубовни приказни. Нејзиниот роман „Еден ден во декември“ беше на бестселер-листата на „Сандеј тајмс“ и на „Њујорк тајмс“. Преведена е на повеќе од 25 јазици.