Во рамките на годинешното 40. „Скопско лето“, балетската претстава во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, на сцената на Националната опера и балет, ќе биде изведена в петок, во 20 часот.
– Преку современите кореографски решенија, соединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој- најавуваат од балетот.
Настапуваат истакнати солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.