На Гоце Делчев (4 февруари 1872 г., Кукуш – 4 мај 1903 г., Баница)

Кон зората одлета твојот лик,
ко ангелска светлина,
ти ангелу на слободата!
За слободата срцето твое биеше,
но и денес сѐ уште неговото биење одекнува во нас.

Во секој нов ден блеснува
слободата над нас,
со завет да ја чуваме,
негуваме и градиме.

За навек ќе се сеќаваме
и твоето име ќе го славиме!
Неправедно очите твои згаснаа,
но денес со гордост во твојот спомен,
пред твојата биста
се поклонуваме:
– Ти ангелу на слободата
вечно ти благодариме!

Мери Поповска, 6-б одделение, ОУ „Јоаким Крчовски“ – Скопје


Гоце Делчев

Пред многу зими
и пред многу лета,
јунакот Гоце се борел
за слободна Македонија горел

Во него имало огромна сила,
земјата си ја бранел мила.
Пред бистата негова
свежо цвеќе ние оставаме
и голема почит му даваме.

Александра Здравеска, 6-б одделение,
ОУ „Страшо Пинџур“ – Скопје