Малку е познато потеклото на овој израз, иако на учените луѓе им е кристално јасен. Имено, кај крокодилите жлездата за излачување плунка и оние што произведуваат солзи се поврзани, па изгледаат како да плачат додека ја јадат својата жртва. Оние што имале можност да го видат тоа, заклучиле дека оваа опасна влечуга навистина ги оплакува своите жртви.
Ете, така настанал и овој идиом, а се однесува за оние што ќе повредат некого, а потоа велат дека им е многу жал поради тоа.