Иницијативи
Во фокусот на новата апликација за деца „Здрава храна (ментална) за здрави деца“ е подобрувањето на математичките вештини и логиката, како и градењето човечки вредности кај децата во претшколска возраст (од две до пет години).
Во модерното општество, кај децата се забележани намален фокус и внимание, а три од главните причини се брзите цртани без длабоки приказни, игрите со победување, губење и насилство, кои лачат лош допамин и несоодветната содржина што децата ја восприемаат пред спиење.
Тимот на продукцијата „Добри деца“ направи апликација составена од петнаесетина мали и големи игри, кои првенствено ги смируваат децата и го подобруваат нивното внимание, но во исто време ги поттикнуваат нивната логика, математичките вештини, здравите животни навики, знаењето за светот околу нив и градењето човечки вредности. Апликацијата содржи цртани филмови што ќе ги забавуваат дечињата и дваесетина сонувалки што ќе ги однесат децата во мирен, длабок и освежувачки сон.
Ф.Д.
Линк до апликацијата: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.GOODKids.GOODKids&fbclid=IwAR3d3aCi3B-bRnlEhD6K8mWwh23LCnLs4153P-WTcxkR2Y7_n1kidLYGtwQ&pli=1