Фото: ЛС Прилеп

На крајот на учебната година во Прилеп, на плоштадот „Александрија“ се одржа манифестацијата „Палачинкијада“, со која на сите ученици им беше посакан среќен летен распуст, исполнет со многу игра, смеа, но и читање лектири и мала подготовка за наредната учебна година!

На првенците на генерацијата од училиштата им беа подарени пофалници и пригодни подароци. Учениците, освен што се дружеа на манифестацијата, се забавуваа со Биби и пробаа вкусни палачинки.

Ка.М.

Фото: ЛС Прилеп

КОГА БИ БИЛО

Ах, тоа училишно ѕвонче
Кога би било брзо како коњче
Часовите би траеле еден миг
Ана, без приговори,
Без часови пет да чека
Ташната со книги
Ќе ми ја натовари
За Ана говорам
Онаа за чија љубов
Уште од трето сонувам

Замислете кога училишно ѕвонче
Би било брзо како коњче
Не ќе ѝ требаат на љубовта часови пет
Меѓу магарињата натоварени
Да ме стави во ред.

Трајче Кацаров