Во ликовниот салон во Центарот за култура во Кичево неодамна беа претставени 41 ликовна творба, дела создадени од учениците што се дел од школата на професорката Лулзиме Лулу Османи, со работен наслов „Светот на децата“.
– Ликовните творби ги изработија 33 деца, на возраст од 6 до 16 години, деца што ја посетуваат ликовната школа што ја организираме изминативе четири години. Сите дела се изработени во акрилна техника, а децата четири пати во текот на месецот доаѓаат на часови по цртање, во траење од по два часа. Секој ученик што е член на оваа школа, на крајот на годината добива и соодветно уверение.Учениците се поделени во пет групи, оформени според нивната возраст – истакна професорката Лулзиме Османи.

Паралелно со Школата за ликовна уметност, таа подготвува и самостојна ликовна изложба, која наскоро ќе биде отворена во Тетово. Османи најави ликовна изложба во родниот град Кичево во текот на наредната година. З.А.