Ајде да видиме…
Кометата е грутка прашина во форма на компир, со пречник од неколку километри. Кога е блиску до Сонцето, низ вселената ја следат опашки од гас и прашина, долги стотици милиони километри.
Смрзнатиот гас и водениот мраз ја држат грутката на површина. Кометите кружат околу Сонцето и понекогаш минуваат многу блиску до него. Кога ќе се приближат до огнената топка, дел од мразот се топи и од него се ослободуваат гас и прашина, создавајќи облак што ја обвиткува.
Кога ќе се приближи до Сонцето, кометата се преобразува во две опашки: првата составена од гас и широка, втората опашка составена од прашина. Тие се насочени во правец спротивен од Сонцето.
(Од детска илустрирана
енциклопедија на „Топер“)