Меѓународни награди
Mакедонија и Прилеп беа успешно претставени на Интернационалниот натпревар по пијано во Тревизо, Италија, кој одржа од 19 до 21 април годинава. Во конкуренција на претставници од над 20 држави од целиот свет, Софија Ташкоска (10) го освои второто место, а Хана Петреска (9) третото место. Овие млади пијанистки се ученички во класата на проф. Христина Никоска Тасеска во ОМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“.
Во конкуренција на пијанисти од Италија, Франција, Австрија, Јужна Кореја, Словенија, Молдавија, Бугарија, Русија…, нашите две млади пијанистки во најблескаво светло ја претставија Македонија со дела од Бах, Хајдн, Иберт, Мајкапар… Успехот на младите пијанистки се должи на професионалната и успешна работа на проф. Христина Никоска Тасеска. Родителите на двете пијанистки се особено горди на нивниот успех, пред сѐ заради тоа што жири-комисијата ја сочинувале еминентни светски пијанисти.
Софија и Хана учат трета година во музичкото училиште и се надежни и талентирани за музика. Тие велат дека ќе продолжат да се дружат со музиката, која им е секојдневие, бидејќи се деца што се од музички семејства.
Софија учи четврто одделение во ОУ „Блаже Конески“ во Прилеп, а Хана во ОУ „Кочо Рацин“. И двете се одлични ученички, а Софија освен што ја сака музиката, обожава гимнастика и пливање. Ка.М.