Фото: Државно музичко училиште - Битола

ТАЛЕНТИ

Алексеј Белевски, петтоодделенец од Битола, ученик на проф. м-р Марија Шамоска Буџаковски при Државното музичко училиште во Битола, ја доби првата награда на Интернационалниот натпревар за млади музичари што се одржа во Њујорк.
Алексеј во силна конкуренција на учесници од 16 држави се закити со златен медал, а доби награда и да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала „Карнеги хол“ во Њујорк.
Оценуван од 12-члена еминентна комисија на врвни пијанисти од САД, Австрија, Германија и од Кина, младиот Алексеј беше избран да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала „Карнеги хол“ во Њујорк.
– Честитки за големиот успех на нашиот ученик Алексеј и на неговата професорка Марија за работата, посветеноста и за љубовта што му ја дава секојдневно. Исто и за поддршката од неговото семејство за реализација на овој настап, кој е од голема важност за неговиот пијанистички развој – му порачаа на својот ученик од Државното музичко училиште, на нивната страница на социјалните мрежи.