Драги деца и професори по предметот Ликовна уметност во основното, средното и високото образование во нашата држава и во странство, Ве покануваме да испратите ликовни творби на теми од областа на заштитата на животната средина во урбаниот простор, флората и фауната и слично на темата „Човекот и природата“.
Испратете творби со позитивни или негативни примери од Вашата непосредна околина – животна средина и природата. Пожелно е творбите да не бидат со поголеми димензии од 70 х 50 сантиметри.
Приемот на творбите е отворен од 15 јуни до 15 ноември. Право на учество имаат возрасни категории од пет до 24 години (градинки, основни, средни и стручни уметнички училишта, студенти од сите факултети во земјата и од странство).
Установата може да испрати најмногу до 30 творби (вкупно од еден или повеќе ментори).
Индивидуално учество на еден учесник – пријавување од страна на родителите: вкупно две творби. Прием на творбите што се испратени и добиени од пошта со назнака на адреса: ,,До Детски ликовен центар-Скопје, Здружение на ликовните педагози, пошта: 1020-Карпош 3, поштенски фах: 75, Општина Карпош-Град Скопје“.
Ликовните творби можат да се донесат и во ликовниот центар: а) приземје – хол на означено место или б) први кат – на означено место. Во објектот на Кинотеката – Библиотека „Другарче“ (ул. Никола Русински бр. 1, Карпош 3 – спроти гимназијата „Никола Карев“).
Дополнителни информации на електронска пошта: [email protected], телефони: 389(0)76 987024, 389(0)77 904.Традиционалната изложба се организира по повод Светскиот ден на планините, 11 декември.
За отворањето на изложбата и доделувањето награди, дипломи и благодарници ќе бидат известени амбасадите во Скопје (за нивните наградени учесници), како и добитниците на награди од Македонија. Наградите ќе се доделат во киносалата на Кинотеката, најуспешните творби можат да се видат – изложени во галеријата на Ликовниот центар и Кинотеката на Македонија.
Генерален покровител: Министерство за животна средина и просторно планирање на Македонија
Организатор: Детски ликовен центар-Скопје и Здружение на ликовните педагози