Изминатиот викенд МКУД „Цветан Димов“ од Скопје го организираше својот 29-ти по ред детски меѓународен фолклорен фестивал „Од цвет на цвет со оро и песна“. Овој настан, кој обедини голем број талентирани деца и љубители на народните танци од регионот, се случуваше на отворената сцена на кејот на Вардар во општината Карпош.
– И годинава фестивалот зрачеше со убави вибрации и ширеше убава енергија. И домаќините и гостите беа задоволни, како и публиката, која уживаше во програмата. Ве чекаме в година на јубилејниот 30. фестивал – велат организаторите.