Во ООУ „Мануш Турновски“ во Ново Село, минатата среда успешно беше организирано книжевно дружење со македонските автори за деца Киро Донев и Трајче Кацаров. Оваа средба беше во рамките на годинашната литературна манифестација „Средби под јаворите – Видое Подгорец 2023“.
Учениците од второ до деветто одделение уживаа со своите омилени автори, кои им читаа извадоци од нивните книги, појаснувајќи низ дискусија што е пишување, како се пишува, каде се црпи инспирација и што значи да се биде дете.
– Споделивме прекрасни заеднички мигови што остануваат да траат запишани во нашата колективна меморија. Наедно, на настанот настапија нашите ученици Павел Стојанов и Јована Стојанова со изразно читање на своите творби од конкурсот за поезија „Илјада цветови“, распишан по повод истата манифестација – велат од училиштето „Мануш Турновски“ во Ново Село.