Драги деца, со радост сакаме да ве известиме дека голем број ваши литературни и ликовни творби стигнаа на нашата адреса, на темата на која пишувавте и цртавте изминатиот период, „Херојот по кого мојата улица го добила името“. Драго ни е што кај многумина од вас ја разбудивме инспирацијата и многу убави чувства за личностите што се важни за минатото на нашата татковина.
Во годината кога „Колибри“ го одбележува својот 65-ти роденден одлучивме на креативен начин да ве вклучиме и вас во прославата и пресреќни сме што на дело ги покажавте својата креативност и умешност.
Се разбира, трите најдобри раскази или песни и трите најдобри цртежи ќе ги наградиме со книги на издавачката куќа „Македоника литера“ и, секако, ќе ги објавиме во печатеното и во електронското издание на нашиот прилог. Жирито го сочинуваа: поетот Филип Димкоски, уметницата Славица Танеска и уредничката на „Колибри“, Марија Таушанска.

Благодариме од срце за соработката!
Ве сака вашиот верен придружник „Колибри“