Од творештвото на писателот Перо Миленкоски

Летото в игра ни мина,
најубав спомен е веќе.
Книгата со нас е сега
лична ко најнежно цвеќе.

Еве го септември дојде,
плодови донесе зрели,
ѕвончето милно нѐ вика,
утрото насмевки дели.

Птици сме вивнати в сонце,
иднина светла нѐ чека,
бранчиња немирни мали –
украс на волшебна река.

Има еден сончев дворец
што го краси златно клуче,
име му е книга мила,
а го има тој што учи.

(Од книгата
„Сончев дворец“)