Во здраво тело – здрав дух
Најмладите членови од генерацијата родени 2014 година на фудбалската школа „Форца“ од Скопје, основана од легендарниот фудбалер Јовче Џипунов, изминатиот викенд го покажаа својот раскошен талент на фудбалските терени низ Македонија.
Генерацијата 2012-2014 го освои првото место во своите категории во Детската лига на ФФМ.
Имено, оваа екипа составена од седум и осумгодишни деца со убедливи победи го освои пехарот на традиционалниот турнир „Железара 2022“, а исто така го освои и првото место на државното првенство што го организира Фудбалската федерација на Македонија во детски лиги.
На новите фудбалски таленти им посакуваме уште многу години успешни натпревари.
Фудбал во соба
Кога се игра фудбал брат,
на кој било кат,
од нашата зграда
нешто ќе страда!
Еден превртен стол,
се истури и кутија сол.
Топката во аут мина,
татковиот весник скинат.
И лустерите се цел.
До телевизорот – сантиметар.
И соседот веќе ѕвони:
– Се знае ли кај вас дома
кој бега, а кој кого гони?
И време е
топката во шкафот да се врати.
И да се сфати:
– Во која било станбена кула,
за ова се добива дебела нула.
Од песнава порака лева:
Фудбал?
Само на зелена трева.
Васил Мукаетов (Од книгата
„Ние по тротоари, по булевари…“)