„Бонтон за деца“ од Наум Попески (5)
Драги деца, во „Колибри“ објавуваме делови од книгата „Бонтон за деца“ на познатиот македонски писател Наум Попески, кој исто така неколку години бил и уредник на нашето гласило за најмладите читатели. Бидејќи убавото воспитување се учи од мали нозе, се надеваме дека со овие едукативни текстови ќе ви помогнеме да израснете во умни и внимателни момчиња и девојчиња
Е, и тоа е интересна приказна. Како зборуваме и како слушаме?
Често кога двајца разговараат, обично се толку гласни, што тоа го слуша поблиската и подалечната околина?! Тоа се однесува и на децата, ама и на возрасните. И тоа – насекаде. Патувате во автобус, одите по улицата, се некого со некого разговара, како да се надвикува. Ќе слушнеш сѐ и сешто. Не сакајќи, се разбира. А има ли потреба од тоа?
Зарем не е доволно да разговараш со некого толку гласно или толку тивко, колку да те слушне тој со кого разговараш. Притоа да не му пречиш никому. Оти, кого друг го интересира тоа што му го кажуваш на твојот другар? Не треба ни да се шепоти, особено не во друштво. Ако треба нешто да го знае само една личност, ќе ѝ се каже насамо, а не во друштво.
***
Еве, направете една мала драмска изведба за да проверите како изгледа тоа. Две-три деца заедно нека разговараат гласно, а две-три до нив нека разговараат културно и тивко…