Тивко, нечујно, во бескрај од убавини,
шепоти како најубава мелодија тишината на цветот,
мелодија, која од сплет на совршени ноти ја создал
композиторот на најубавата радост
– радост, на секое дете во светот.
Од неа како од нечуен извор, од кој извира
чиста, искрена насмевка и радосен крик,
го собрал уметникот на радоста шаренилото од блесок на бои,
и така, го насликал со невиност и искрена радост, сечиј детски лик.
Во блесокот од сончеви зраци и совршенство од бои,
се издигнал царот на среќата и радоста на тронот
од среќното царство,
а таму низ играта на децата која само бескрaј од спокој носи,
го овековечил престолот од убавини, на тоа богатство,
наречено другарство.
Другарство, мое, твое, наше, на секое дете од светот,
другарство, со волшебност на алка со најблескав сјај,
другарство, кое поврзува дете со дете, човек со човек,
народи, места и континенти,
од мојот дом, до домот на она непознато другарче,
на од светот другиот крај.
Во сонот од волшепства, во кој само бајки од радост
и среќа се нижат,
го барав најубавото и најискреното, како блесокот
на сонцето врз убавината на цветот,
и така, го пронајдов блесокот на таа алка која поврзува народи, места и континенти,
таа алка, наречена другарство – другарство,
најголемото богатство на светот.
Милана Капкоска 8 – В одделениеООУ „Рампо Левката“ – Прилеп
Менторка: Верица Апостолоски