Од книгата „Бисерчиња од детски главчиња“ на Славка Арсова (14)
Мајка ѝ на Елена за роденден ѝ направи торта во форма на дрво. Ја стави во фрижидерот да се олади. Додека тортата се ладела петгодишниот брат Мирко го отворил фрижидерот и го изел целиот чоколаден фил со гранчињата од тортата.
– Елена, како се вика оваа торта што ја направи мама? – праша Марко.
– Разгрането дрво – му одговори Елена. – А зошто ме прашуваш?
– Па… – запелтечи Мирко – јас ја видов тортата: таа не е разгрането дрво, нема гранки, само стебло.
Коментар: Не му се лути Елена на твоето братче! Што да прави кутриот Мирко, кога немал чоколадо. Тој се снашол – гранките на дрвото од тортата се чоколадни…