Во Прилеп
Прилепските ученици од повеќе училишта и годинава се вклучија во натпреварите за најдобри рецитатори, библиотекари, автори на лични творби, најдобри по краснопис, кои ги организира градската библиотека „Борка Талески“. Тие покажаа дека се доста креативни заедно со нивните наставници, создавајќи вредни творби што ќе бидат забележани во историјата на библиотеката, која годинава слави 75 години од постоењето.
Калина Димитриоска од 4-3 одделение од ООУ „Блаже Конески“ се закити со првата награда, како најдобра рецитаторка во категоријата од прво до петто одделение. Второто место ѝ припадна на нејзината соученичка Ана Марија Шашеска од истото училиште, додека Давор Николоски од 3-а одделение од ООУ „Климент Охридски“ ја освоија третата награда, како и соученичката Софија Печијареска. Третото место со нив го сподели Ема Лашкоска од 1-а од ООУ „Гоце Делчев“.
Во категоријата рецитатори од шесто до деветто одделение најдобра беше Евгенија Димитриоска од 8-а одделение од ООУ „Гоце Делчев“, со втората награда се закити Исидора Николоска од 9-2 одделение од ООУ ,,Добре Јованоски“, а со третото Марија Котева од 9-б одделение од ООУ „Гоце Делчев“.
Кај средношколците, најдобар рецитатор е Христијан Пусоски од 4-1 клас од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, а второто место беше резервирано за Теодора Велкоска од 3-1 од СОУ,,Ѓорче Петров“ од Прилеп.
Најдобар краснопис во градот има Александар Стефаноски од 3-1 одделение од ООУ „Климент Охридски“, а зад него се Ена Тодороска од 6-1 одделение од ООУ „Блаже Конески“, Бојана Трајческа од 3-3 одделение од ООУ „Блаже Конески“ и Кириана Гугуческа од 3-1 одделение од ООУ „Климент Охридски“, за кои беше резервирано третото место.
Најдобра лична творба од шесто до деветто одделение имаше Милана Димитриеска од 9-д одд. од ООУ „Кочо Рацин“, додека од средното образование Мартин Стојоски од 4-4 клас од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“.
Најдобар млад библиотекар во Прилеп е Исидора Николоска од 9 одделение од ООУ „Добре Јованоски“. Ка.М.