Дали сте знаеле…
Бартоломео Кристофори (1655-1731) од Падова, Италија, ја добива заслугата за изумот на современото пијано. Големиот кнез од Тоскана, Фердинандо де Медичи, го вработува Бартоломео како чувар на инструментите, кој веќе е експерт за градење чембало и поседува големо знаење за жичени инструменти со клавијатура. Не е познато точно кога првпат го гради пијаното, но пописот направен од фамилијата Медичи докажува дека пијаното постои пред 1700 година, а друг не толку веродостоен документ тврди дека пијаното постои уште во 1698 година. Денес се останати три пијана „кристофори“ од 1720-тите.
Пијано (неформално наречено и клавир) е музички инструмент со клавијатура, која содржи 88 (52 бели и 36 црни) клавиши, чие притискање произведува звуци. И покрај тешката преносливост и висока цена, пијаното сепак е еден од најпрепознатливите и најпопуларните инструменти во светот поради својата повеќенаменска природа во сферите на свирењето и компонирањето.