Лексикон: Александра Јовановска
Име и презиме:
Александра Јовановска
Прекар: Сандрувка
Занимање: новинарка,
ТВ-водителка
Роденден славам на: 1.6.1983 г.
Моја најдобра особина е: искреноста, колку лудо и да звучи во ова време на хипокризија
Ама знам да бидам и: нетрпелива
Многу ме нервира кога:
луѓето лажат
Најсреќнa сум кога: патувам
Како малa сакав да бидам: новинарка
Прва љубов: како сенка, тивко,
тивко проаѓа…
Омилен предмет на училиште: историја
Популарноста ми годи: популарноста доаѓа со мојата професија,
секако не е основата на тоа што го работам, така гледам и на неа.
Најголем гаф на ТВ: нека кажат гледачите, ха, ха, ха
Најнеобично искуство: животот е збир од премногу мали и големи, слатки и неверојатни искуства, необичен е секој ден, сакајте го!
Моето миленичето е: немам свое, но дворот ми е полн со улични
мачиња што ги храниме
Омилен спорт: ракомет
Омилена книга: „Кон светилникот“ – Вирџинија Вулф
Омилен филм: одете во кино, за да го видите „Предатор“
Омилена песна: денот со месеци ми почнува со – „One Kiss“
– Калвин Харис, Дуа Липа
Мирисам на: „Тес ноар“, „Викторија сикрет“
Трошам многу пари на: буквално на сѐ, за мене, за други, за потребни и непотребни работи, едноставно купувам нешта, но повеќе создавам моменти
Посакувана туристичка дестинација: Јапонија
На пуст остров би зела: една прекрасна личност,
како неговото име Ангел
Неостварена желба: ќе ја остварам, ништо страшно
За успех најважно е да си: вреден, да сакаш да учиш и да напредуваш, да си професионален, сериозен и посветен, и секако да не си ја згрешил професијата
Порака до читателите на „Колибри“: среќата доаѓа од вистинската процена на очекувањата и можностите, спознајте се себеси, кои сте и што сакате!