Во библиотеката „Искра“ во Кочани
Во дворот на библиотеката „Искра“ во Кочани, минатата недела се славеше литературата за најмладите читатели со манифестацијата „Фестивал на децата, книгата и музиката“.
Во рамките на манифестацијата им беа доделени благодарници на поддржувачите и помагателите на работата на библиотеката, меѓу кои беа Општина Штип и Општинската организација на Црвениот крст од Кочани.
Се одржа и трибина на темата „Специфичноста, позитивните влијанија и присутноста на литературата за деца во детскиот развој и во креирањето на детскиот свет“, на излагачите проф. Јованка Денкова од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, м-р Татјана Лазарова Осоговска и м-р Ели Маказлиева.
Беше промовирано и делото „Мали детски разговори“ од авторот Зоран Пејковски, како и книгата „Заедно да растеме“ од Филип Димкоски.
Манифестацијата „Фестивал на децата, книгата и музиката“ е проект финансиран од програмата од областа за заштита на културното наследство при Министерството за култура и од локалната самоуправа.