Учениците од основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка неодамна ја освоија првата награда на 28-от меѓународен фестивал на уметноста „Утринска ѕвезда“, кој се одржа во Банско, Бугарија.
Вкупно четириесет ученици од трето до деветто одделение беа учесници на овој престижен фестивал на уметноста, предводени од нивните ментори професорката Лариса Жулина-Митовски, професорот Александар Тренчовски, професорката Марија Смиљков и професорот Дејан Ангеловски од ООУ „Јоаким Крчовски“.
Креативниот тим на менторите и заедничкиот вложен труд и огромниот талент на учениците, како и поддршката од страна на директорот на ООУ „Јоаким Крчовски“ и општината дадоа одлични резултати, па затоа од локалната самоуправа ветуваат поддршка на младите таленти и во иднина.