КРЕАТИВНО КАТЧЕ Веселата глина на „Џампинг клеј“ за учење низ игра (2)
Учењето на децата низ игра е најкорисно и најзабавно со креативен процес. Многубројни светски истражувања покажуваат дека токму работата со глина или со пластелин е корисна за децата од предучилишна и училишна возраст. Конкретно, кај децата од тригодишна возраст ги развива фината моторика и фантазијата, придонесува за развој на говорот и овозможува детето да добие самодоверба.
Концептот на веселата глина на „Џампинг клеј“ (Jumping Clay) оди неколку чекори понапред и ја дополнува листата со придобивки од работата со глина, истовремено ги надминува сите негативни страни на другите слични производи на пазарот. За тоа колку е корисна работата со веселата глина доволно зборува фактот дека во светот се користи и во терапевтски програми за рехабилитација на некои пациенти со физички и ментални пречки.
Што е „Џампинг клеј“?
Овој концепт е препознаен од професионалците како еден од најважните форми на уметност што овозможува когнитивно учење и развој кај децата. Исто така е широко препознатлив по придобивките за развивање на концентрацијата и задржување на вниманието, развој на техниката за учење, како и уметничко изразување.
Единствените својства на глината во комбинација со концептот на едукација преку игра даваат оригинални резултати по највисоки стандарди.
„Џампинг клеј“ е уникатна глина за моделирање карактеристичен квалитет. Таа нуди прогрми за сите возрасти, вкусови, потреби и пригоди. Повеќе од 40 земји во светот ја одобрија и ја признаа како еколошки производ. Таа е со мирис на јасмин, без присуство на хемикалии и вклучува наносилвер-технологија што дејствува како средство за дезинфекција кога се меси.
Светскиот успех на „Џампинг клеј“ се должи на образовниот концепт што првично беше претставен на детски работилници, каде што се демонстрираа целосната разновидност и супериорниот квалитет на глината.
Придобивки
– Развива вештини за решавање проблеми.
– Ги зајакнува набљудувањето и концентрацијата, помнењето, перцепцијата, размислувањето.
– Им помага на децата да вербализираат размислување.
– Поттикнува разбирање на различните концепти и идеи.
– Го зголемува нивото на концентрација.
– Ја подобрува свесноста за просторот.
– Промовира разбирање на светот околу нас.
– Промовира креативна експресија.
– Гради самодоверба.
– Развива координација на рацете и очите и на фините моторички вештини.
– Дава можност за развој и зголемување на уметничките потенцијали.
– Промовира релаксација и внимателност.
– Се користи во терапевтски цели.
– Ја зголемува самодовербата со тоа што им овозможува на децата да развијат сопствени идеи.
– Стимулира љубопитност, набљудување и размислување за себе.
– Ги подобрува вештините за социјална интеракција кога се користи во група.
Многу важна информација за сите креативци!
Во „Џампинг клеј“ може да ги прославите и најубавите родендени на целиот свет! Прославете го вашиот РОДЕНДЕН на најинтересниот и најсигурен начин! Концептот „Џампинг клеј“ ви овозможува прослава на вашиот роденден како што слават нашите другарчиња во 46 земји во светот.