Долгот на европските влади се зголеми за време на пандемијата, но како што покажува инфографикот, ефектите се почувствуваа многу потешко во некои земји отколку во други. Ирска, во однос на општиот бруто-јавен долг, забележа пораст од само 0,4 процентни поени од крајот на четвртиот квартал во 2019-та до крајот на третиот квартал во 2021 година. Од друга страна, задолженоста на Шпанија сега изнесува 26,3 процентни поени.
Бројките, составени од Бирото за национална статистика на Велика Британија, откриваат зголемување од 12,9 процентни поени во сите земји на Европската Унија. Велика Британија, за споредба, забележа промена од 18,8 процентни поени. Британскиот јавен долг сега го надминува нејзиниот БДП, поточно 103,7 отсто, и е највисоката стапка во повоената ера, па дури и ги надминува нивоата од финансиската криза во 2008 година, која достигна врв во 2014-2015 година на 84,9 отсто од БДП.
Подготвиле: Марјан Велевски; Билјана Здравковска