Фото: ЕПА

 

Спектакуларно и длабоко емотивно беше оддавањето почест на сите оние херои, но и обични луѓе, кои положувајќи го својот живот за својата татковина, жртвувајќи се, им овозможиле на идните генерации да живеат во слобода, да работат,
да се развиваат, да ја надградуваат својата сакана земја, својата татковина. Хероите се величествен пример, на овој начин посочен од кинескиот народ и кинеските лидери, како се чествува, како се сака и како се продолжува патот на хероите,
кои имале визија и мисија посветена на својот народ и својата држава

Претседателот Си Џинпинг им оддаде почит на националните херои на Денот на мачениците

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, заедно со највисоките кинески лидери, присуствуваше на церемонијата минатата сабота наутро на плоштадот „Тјананмен“ во Пекинг за да положи букети со цвеќе, во чест на паднатите национални херои. Настанот се одржа по повод 10-от Ден на мачениците во Кина, еден ден пред нејзиниот Национален ден.
Лидерите што присуствуваа беа: Ли Кианг, Жао Леџи, Ванг Хунинг, Каи Чи, Динг Ксуексианг, Ли Кси и Хан Женг. На церемонијата им се придружија претставници од сите сфери на животот.
Во 10 часот, сите учесници ја пееја националната химна, а потоа им оддадоа почит на мачениците што ги жртвуваа своите животи за ослободувањето на кинескиот народ и развојот на Народна Република Кина!
Спектакуларно и длабоко емотивно беше оддавањето почест на сите оние херои, но и обични луѓе, кои положувајќи го својот живот за својата татковина, жртвувајќи се, им овозможиле на идните генерации да живеат во слобода, да работат, да се развиваат, да ја надградуваат својата сакана земја, својата татковина. Хероите се величествен пример, на овој начин посочен од кинескиот народ и кинеските лидери, како се чествува, како се сака и како се продолжува патот на хероите, кои имале визија и мисија посветена на својот народ и својата држава.
Девет огромни букети со цвеќиња беа поставени пред Споменикот на народните херои. Цвеќињата со ленти со натпис „Вечна слава на народните херои“ беа претставени во името на ЦК на КПК; Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес; Државниот совет; Националниот комитет на Политичката консултативна конференција на кинескиот народ; Централната воена комисија; некомунистичките партии, Секинеската федерација за индустрија и трговија и патриоти без партиска припадност; народни организации и луѓе од сите сфери на животот; ветерани, пензионирани високи кадри и роднини на маченици; и кинески млади пионери.
Од собирот беше испратена силна порака дека „Под силно водство на Централниот комитет на КПК со другарот Си Џинпинг во неговото јадро, одржувајќи го духот на мачениците и црпејќи ја силата од него, партијата, вооружените сили и луѓето од сите етнички групи сега маршираат кон ново патување во сигурни чекори. Тие неуморно се стремат кон изградба на силна Кина и остварување на национално подмладување“.
Ваквата порака одекна гласно во целиот свет: оние што ја почитуваат и негуваат својата национална историја, оние што не ги забораваат и ги чествуваат своите национални херои, народот и народните лидери, кои се гордеат со своите предци што ги положиле своите животи за слобода, мир и просперитет, и нацијата што не го заборава своето минато, апсолутно ја има перспективата на својата светла иднина!