Истражувачите велат дека намалувањето на јаглеродните емисии од страна на најбогатите домаќинства можеби е најбрзиот начин за да се постигне нето нула емисии, пишува Хелена Хортон за „Гардијан“
Богатите луѓе несразмерно повеќе придонесуваат за загадувањето додека расте уделот на светските јаглеродни емисии за кои тие се одговорни, според едно истражување. Во 2010 година, најбогатите десет отсто од домаќинствата испуштаат 34 отсто од светскиот јаглерод диоксид додека 50 отсто од светското население во пониските приходни групи загадуваат само 15 отсто. До 2015 година, најбогатите десет отсто беа одговорни за 49 отсто од јаглеродните емисиите, наспроти седумте отсто произведени од најсиромашната половина од светското население.
Ејми Амброуз, професорка по енергетска политика на универзитетот „Шефилд Халам“ и авторка на студијата објавена во списанието „Сајанс дајрект“, вели дека намалувањето на јаглеродните емисии на најбогатите можеби е најбрзиот начин да се достигне нето нула емисии. Во однос на побарувачката на енергија во Велика Британија, најнебогатата половина од населението има помалку од 20 отсто од конечната побарувачка, помалку отколку што трошат првите пет отсто. Иако нивните домови можеби се поекономични, високите потрошувачи веројатно ќе имаат повеќе простор за загревање. Тие исто така поседуваат и користат повеќе луксузни предмети и апарати. Амброуз рече дека кризата со трошоците за живот, веројатно, ќе ги натера оние со средни до ниски примања да ја намалат потрошувачката на јаглерод диоксид со летување во татковината, како и со користење помалку гориво. Сепак, оние што најмногу консумираат, веројатно, нема да мора да направат такви промени.
Во повеќето земји, пред пандемијата на ковид-19, помалку од половина од луѓето пријавиле дека летаат барем еднаш годишно, додека повеќе од половина од емисиите од патничката авијација биле поврзани со еден отсто од луѓето што најчесто летаат. Според Амброуз, на многу начини, богатите се во голема мера изолирани од скокот на трошоците за енергија. Но решавањето на прекумерната лична потрошувачка е нешто што не е на агендата за владата и политичарите, што е лоша вест за планетата и шансите да се постигне целта од нето нула емисии. Таа рече дека како резултат на занемарувањето на политиката на високите потрошувачи е „пропуштена можност“ за решавање на нееднаквоста и можностите за намалување на јаглеродните емисии.
Амброуз додава дека механизмите за цени може да ги принудат домаќинствата со ниски приходи опасно да ја намалат потрошувачката. Покрај тоа, високата потрошувачка и високите јаглеродни емисии се просторно концентрирани во градовите и предградијата каде што живеат семејства со високи приходи додека нивните негативни ефекти, како што е загадувањето на воздухот, обично се прелеваат во помалку богатите области.