Кинескиот претседател Си Џинпинг истакна дека мора да се даде приоритет на изградбата на универзитети од светска класа, а кинеската влада во Пекинг планира да обезбеди клучна поддршка за поголема научно-технолошка независност на државата
Како се гради посилна нација
Како што се зголемува меѓународната конкуренција на најсовремените технологии и на талентираните луѓе, а особено во услови на тенденциозни обиди, особено во последниве години на некои меѓународни субјекти да го потиснат развојот на Кина, кинеското раководство го нагласи својот план за изградбата на земјата во лидер во образованието. Всушност образованието е издвоено како фундаментална формула што ќе придонесе за посилна нација!
Претседателот на Кина, Си Џинпинг, визионерски придава големо значење на напредокот на земјата во секторите на образованието, науката и технологијата и развојот на човечките ресурси. Тој истакна дека „да се направи нацијата лидер во образованието значи стратегиски темел за изградба на голема модерна држава во сите погледи“!.
Така, кинескиот претседател Си Џинпинг истакна дека изградбата на водечка земја во образованието е важен поттик за постигнување поголема самодоверба и сила во науката и технологијата, ефективен пристап за промовирање заеднички просперитет за сите и суштински проект за унапредување на големото подмладување на кинеската нација на сите фронтови преку кинескиот пат кон модернизација.
Зошто е важен акцентот на образованието?
Забелешките на претседателот на Кина, Си Џинпинг, за образованието дојдоа во период додека светот минува низ нова фаза на технолошка еволуција и индустриска трансформација. Во тој контекст, Кина се соочува со зголемени предизвици, кои произлегуваат од геополитичката конкуренција и обидите на западните земји предводени од САД да го потиснат и блокираат нејзиниот економски и технолошки напредок. Во многу пригоди, вклучувајќи ги и неговите патувања низ целата земја, кинескиот претседател ја истакна важноста од барање научна и технолошка независност и сила во унапредувањето на модернизацијата на нацијата во сите погледи.
Во писмото до факултетот и студентите на Североисточниот универзитет во Шенјанг, провинцијата Лиаонинг, кој неодамна ја прослави својата 100-годишнина од постоењето, претседателот Си Џинпинг изрази надеж дека универзитетот може да негува повеќе таленти од висок калибар врз основа на стратегиските потреби на земјата, да ја прошири својата водечка улога во развивање силни дисциплини и да продолжи да произведува научноистражувачки резултати на високо ниво.
Кинескиот претседател нагласи дека високото образование е клучот за Кина да стане водечка нација во областа на образованието. Тој истакна дека мора да се даде приоритет на изградбата на универзитети од светска класа и супериорни дисциплини и да се зајакне развојот на основните, новите и интердисциплинарни предмети. Кинескиот претседател додаде дека посебен акцент треба да се стави на образованието во науката, технологијата и инженерството. Треба да се направат поголеми напори за самостојно да се негува врвниот и иновативен талент на Кина за да се обезбеди поддршка за постигнување откритија во основните технологии во клучните полиња, според него.
Одлуки за унапредување на образованието
Од 18-от национален конгрес на Кинеската комунистичка партија (ККП) во 2012 година, Централниот комитет смета дека образованието е од големо значење за иднината на земјата и на партијата. Исто така, донесе важни одлуки за да се забрза модернизацијата на образованието и да се развие земјата како лидер во овој поглед. Централниот комитет на ККП и Државниот совет објавија план за модернизација на образованието во февруари 2019 година, во кој се наведени плановите и развој на секторот до 2035 година, година во која земјата е решена во основа да постигне социјалистичка модернизација и да стане образовна сила
Кина го воспостави најголемиот образовен систем во светот и се приклучи на рангот на земјите од високо до средно ниво во однос на севкупното ниво на модернизација во образованието. Кина е рангирана на 23-то место во глобалниот образовен индекс, со пораст од 26 места во однос на 2012 година, остварувајќи најбрз напредок во светот.