„Евростат“ неодамна објави податоци според кои може да се забележи дека членките од Европската Унија (ЕУ) имале увоз на облека вредна 69 милијарди евра од земји надвор од блокот за 2020 година. Кина е на врвот на листата на земји надвор од ЕУ од каде што потекнува облеката, а вкупниот увоз од неа сочинува 21 милијарда евра, или 30 отсто. Веднаш зад неа, како главни извозници се Бангладеш, со 12 милијарди евра (18 отсто), и Турција, со осум милијарди евра (12 отсто).
Германија е водечка земја во ЕУ во однос на увозот за 2020 година, кој опфаќа 17 милијарди евра, што практично ја става пред Шпанија и Франција, чиј увоз е во висина од 10 милијарди евра за двете земји. ЕУ лани регистрирала извоз на облека во вредност од околу 30 милијарди евра во земјите што не се дел од блокот.